Vrabotuvanje.com - „Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас“: Бурни ракции за ресторанските цени во Охрид на социјалните мрежи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас“: Бурни ракции за ресторанските цени во Охрид на социјалните мрежи

„Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас“: Бурни ракции за ресторанските цени во Охрид на социјалните мрежи

Цените на храната и пијалоците во рестораните и угостителските објекти во нашиот туристички бисер ги брануваат социјалните мрежи.

Граѓаните револтирано коментираат дека „го доживеале плфонот“, и дека високите цени во Охрид се главна причина зошто градот има се помалку посетители. 

- Знајте з'ш мои драги охриѓани бегет гостине од кај вас, з'ш 6 возрасни и 2 деца платвиме 54.000 денари за ручек ,а истите тие луѓе во ,,Атва" -Кичево нити 4000 денари ете зато...!!!

П.С. Ова пастрмчево едното не двете демек ,,охридско",не ет случајно сликано замислете 3 кг имало по 4900 денари си го платиФне 14700 денари. Нек ни ет наздравје, е зато немет гости, оти сакет да се збогатет наеднаш - напиша еден битолчанец на Фејскбук.

Еве ја неговата објава: 

Неговата објава предизвика бројни коментари, меѓу кои имаше сограѓани кои се зачудени од објавата и од цените, но и такви кои укажаа дека објавата е направена само да се „пофали“. Голем дел укажаа дека се порачани многу пијалоци, но притоа и прашуваа зар не прашале прво за сметка, пред да нарачаат, посочувајќи дека вино од 3.000 денари не проачува секој во кафана, и морало да знаат што порачуваат пред да ја направат сметката која сега посочуваат дека е превисока. 
 
извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje