Vrabotuvanje.com - Народот се повеќе зема кредит за да си купи автомобил, а помалку бара кредитни картички
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Народот се повеќе зема кредит за да си купи автомобил, а помалку бара кредитни картички

Народот се повеќе зема кредит за да си купи автомобил, а помалку бара кредитни картички

Растот на депозитите е предизвикан од растот на штедењето на домаќинствата, додека зголемувањето на кредитирањето го прави зголемената побарувачка на кредити од домаќинствата и од компаниите.

Вкупните депозити во јули бележат раст од 7,3% на годишна основа, а за исто толку е забележан раст и кај кредитите. На месечно ниво во јули  има раст за 0,5% кај депозитите и за 0,6% кај кредитите. Ова го покажуваат податоците на Народната банка.

Според овие податоци, растот на депозитите е предизвикан од растот на штедењето на домаќинствата, а зголемувањето на кредитирањето го прави зголемената побарувачка на кредити од домаќинствата и од компаниите. Кај корпоративниот сектор, депозитите на месечно ниво се зголемени за 0,2%, а кредитите за 0,5%, а кај домаќинствата депозитите бележат раст за 0,7%, а кредитите за 0,8%.

Кај потрошувачките и станбените кредити одобрени за физички лица е забележан раст од 0,9 и 0,8% на месечно и годишно ниво, а автомобилските кредити овој месец се повисоки за 2,5 и 23,6% на месечна и годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,2 и 8% на месечно и годишно ниво.

извор: vesnik.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje