Vrabotuvanje.com - Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ

Седум евра ќе биде таксата што македонските државјани ќе мора да ја плаќаат за да можат да влезат во некоја од земјите на Европската унија кои се дел од Шенген зоната. Оваа мерка ќе почне да се спроведува од 7 мај идната година и ќе важи и за државјаните на Србија, БИХ, Црна Гора, Молдавија, Украина и од Велика Британија.

Од следната година македонските државјани ќе плаќаат такса од 7 евра за влез во земјите на ЕУ

Етиас како што се нарекува овој систем ќе важи и за државјани на други земји на кои не им се потребни визи за влез во ЕУ, како што се САД, Канада и Австралија. Системот Етиас ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната. Дозволата ќе трае три години или до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе мора да дадат лични податоци, како што се адреса и вработување, и контакт. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа. ЕУ потврди дека системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната ќе почне да работи на 10 ноември.

EEС ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци, како што се отпечатоци од прсти и фотографии на лицето на границата. Оваа мерка има за цел да им го отежне влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши.

Македонските граѓани ќе мора да вадат патни дозволи за 26 земји во Европа кои се дел од Шенген зоната: Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Летонија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Од 2028 година тука ќе бидат вклучени и Бугарија и Романија.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje