Vrabotuvanje.com - Косопственикот на „LinkedIn“ вели: „Работното време од 09 до 17 часот ќе исчезне наскоро“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Косопственикот на „LinkedIn“ вели: „Работното време од 09 до 17 часот ќе исчезне наскоро“

Реид Хофман, косопственикот на „LinkedIn“ смета дека вообичаеното работно време наскоро ќе стане минато. „Работното време од девет до пет часот нема уште долго да живее и до 2034 година повеќе нема да се работи на тој принцип“, вели Хофман.

Косопственикот на „LinkedIn“ вели: „Работното време од 09 до 17 часот ќе исчезне наскоро“

Тој исто така тој смета дека дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција. „Многу бизниси ќе ја сменат природата на нивното работење, бидејќи автоматизацијата ќе ја преземе работата или ќе го смени начинот на којшто луѓето ги извршуваат работните задачи“, објасни Хофман.

Нема да има стабилност во работата

„Ќе има повеќе флексибилност и можности, но ќе недостасува сигурност во работењето, а тоа е нешто по што копнеат речиси сите работници“ вели Хофман и додава дека луѓето ќе мора да работат на обезбедувањето барем на одредено ниво на сигурност.

„Луѓето нема да работат само во една компанија, туку во повеќе компании, можеби дури и во компании од повеќе различни индустрии. Ова се промени коишто нè очекуваат и коишто ќе се разликуваат од она на што сме навикнале во последните неколку децении“, раскажува Реид.

Предвидувањата на Реид предизвикаа различни реакции

Овие предвидувања предизвикаа различни реакции кај луѓето со оглед на тоа дека повеќето луѓе се плашат за својата стабилност и можноста од влошувањето на животите во иднина. „Веќе сега работните места се делат на оние со флексибилно и фиксно работно време, тоа не е ништо ново“, изјави Џеј Загорски како одговор на изјавите на Хофман. „Сите овие работни места од чистачи до контролори на авионскиот сообраќај, имаат иста заедничка карактеристика, а тоа е кога ќе заврши смената личноста завршува со својата работа“, додаде Џеј, кој смета дека овие работни места нема да исчезнат без оглед на предвидувањата на Реид.

Извор: supermen.tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje