Vrabotuvanje.com - Фенг шуи совети за организација на храната во фрижидерот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Фенг шуи совети за организација на храната во фрижидерот

За разлика од стандардниот систем за организација на фрижидерот, постои друг начин на распоред на намирниците според правилата на фенг шуи за да фрлате помалку храна.

Фенг шуи совети за организација на храната во фрижидерот

На пример, ставете ги расипливите производи на вратата на фрижидерот, додека храната како кечап, мајонез и сенф распоредете ја во фиоките, на помалку видливо место. Така овошјето, зеленчукот и другите лесно расипливи производи ќе ги потрошите пред да измине нивниот рок на употреба. Ваквиот начин на редење е добар визуелен потсетник.

Некои луѓе се загрижени дека зелениот зеленчук побрзо ќе овене ако е ставен на вратата од фрижидерот, подалеку од ладните заштитни фиоки за свежина, но тука станува збор за компромис помеѓу продолжување на рокот на траење на расипливата храна и зголемување на можноста да се сетите да ја изедете побрзо. Салатата можеби малку ќе овене (на вратата), но подобро е отколку да скапува. Ако ја оставите во фиока, веројатно нема да ја видите додека не изгние.

Исто така најстарите намирници треба да се чуваат на највидливо место, наместо да се оставаат постепено да завршат заборавени и расипани во задните агли на полиците. Свежата храна, пак, се сместува на задната страна на фрижидерот и потоа полека се поместува напред за да почне да се консумира. Особено е важно да се истакне дека суровото месо, овошјето, зеленчукот и млечните производи најлесно се расипуваат и во многу случаи можат да издржат само неколку дена во фрижидер. Пијалаците и зачините, пак, имаат подолг рок на траење.

На овој начин не само што ќе фрлате помалку храна туку и ќе се спасите од наоѓање мувлосана и расипана храна во аглите на фрижидерот или на дното на полиците, за кои потоа ќе ви треба повеќе време за да ги исчистите.

Извор: novamakedonija.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje