Vrabotuvanje.com - Високите температури го намалија производството на мед
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Високите температури го намалија производството на мед

Производството на мед годинава бележи сериозен пад. Високите температури и долгиот сушен период ја намалиле продукцијата речиси за половина. Наместо просечните околу 8 килограми по пчелно семејство, сезонава се очекува да бидат собрани најмногу до 5 килограми мед. Ваквиот пад во количината ја прави годината најлоша до сега, велат пчеларите.

Високите температури го намалија производството на мед

За да ги ублажат негативните ефекти од климатските промени, кои секоја година стануваат се поизразени, пчеларите биле принудени да го зголемат бројот на пчелните семејства. Овој потег, иако неопходен за одржување на производството, значително ги покачил и  трошоците.

Освен неповолните климатски услови, годинава негативен ефект врз пчеларството имаат и големиот број шумски пожари. Ова е дополнителен проблем кој ќе биде причина за загуби и во наредните години.

Пчеларите велат дека сами не можат да го решат проблемот и  затоа е неопходна државна поддршка. Тие апелираат до надлежните органи во новата програма за рурален развој поголем акцент да биде ставен на климатските промени. Ваквата поддршка ја сметаат како  клучна за развој на стратегии и мерки кои ќе помогнат пчеларите да се прилагодат на променливата клима и да ги ублажат негативните ефекти.

Извор: sitel.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje