Vrabotuvanje.com - Како тргнала работата, ќе немаме ни ајварка ни ајвар
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Како тргнала работата, ќе немаме ни ајварка ни ајвар

Поради скапиот пипер, изумира традицијата на правење домашна зимница. Годинава, откупната цена на ајварката е 50 денари и таа се продава на зелените пазари по 100 денари за килограм.

Како тргнала работата, ќе немаме ни ајварка ни ајвар

Бербата на црвената пиперка ајварка е во тек, а земјоделците велат дека, со оглед на намаленото производство и на сушата, стравуваат дека нема да има доволно количини за индустријата и за домаќинствата. Последниве години, поради намаленото производство, се зголеми цената на пиперот и изумре традицијата на правењеомашен ајвар. Годинава, откупната цена на ајварката е 50 денари и таа се продава на зелените пазари по 100 денари за килограм. Додека, пак, цената на ајварот во маркетите се движи од 200 до 400 денари, зависи од големината на теглата и од квалитетот.

– Прва класа црвена пиперка ајварка се откупува за 50 денари, а втора класа, онаа за индустриско производство, од 20 до 30 денари за килограм. Поради намаленото производство и сушата, не знам дали ќе има доволно пипер за да се задоволат потребите на индустријата и на домаќинствата. Освен што се намалени површините насадени со пипер, поради сушата, намалени се и количините. Таму каде што се наводнуваше, квалитетот е добар, а каде што не се наводнуваше се исуши – изјави за весникот ВЕЧЕР Ристо Велков, претседател на Сојузот на земјоделците од Струмица.

Од Националната земјоделска мрежа велат дека ние веќе немаме домашно производство, сè е од увоз. И она што го има, сушата го уништи, односно 60-70 отсто е трета класа. Поради слабиот квалитет, родот што сè уште не е набран, брзо скапува. За жал, тоа е реалноста и ќе мора да се соочиме со тоа дека земјоделските производи ќе бидат сè поскапи и ќе ги нема.

 – Со оглед на зголемените трошоци и на намалените количини, и оваа цена е ниска. Но, се надеваме дека ќе се почитува договорот и нема да падне пиперот под оваа цена, која е гарантирана. Производството е значително намалено во однос на лани, а, поради климатските промени, намален е и квалитетот на родот. Од друга страна, проблем е по кој критериум ќе се одредува квалитетот и како ќе се врши исплатата. Никаде не се спомена рок до кога ќе се врши исплатата од трговците и од откупувачите. Земјоделците се економски исцрпени и не можат веќе, како порано, да го предадат родот, а потоа да чекаат исплата – изјави за весникот ВЕЧЕР Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

Тој додава дека за граѓаните е скапо, но ние не сме социјална установа. Знаеме дека стандардот на граѓаните е низок, но и земјоделците работат за џабе. За разлика од земјите во регионот, земјоделските производи кај нас се далеку поевтини, вели Каракашев.

Граѓаните последниве години сè поретко прават ајвар, бидејќи цената на пиперот е многу висока. Велат дека со овие цени ќе престане македонската традиција на правење домашен ајвар.

– Се надеваме дека ќе можеме да направиме неколку тегли, колку да ја запазиме традицијата. За повеќе немаме, пиперот е скап, а и другите продукти за правење ајвар се скапи. Минатата година не правевме и купувавме од маркет, но вкусот не е ист како домашниот – вели една скопјанка.

Граѓаните се жалат дека не им се доволни платите и пензиите ни за задоволување на основните потреби, а камоли за зимница.

Инаку, за правење минимална количина домашен ајвар, потребни се 3.000 денари. Но, со оглед на тоа дека цените на зеленчукот и на другите продукти секојдневно растат, неколку тегли ајвар може да ве чинат и повеќе од 3.000 денари.

На зелените пазари, цената на доматите не се симна под 70 денари за килограм, зелените пиперки стигнаа над 100 денари, цената на килограм индустриска краставица стигна и до 130 денари, а индустрискиот пипер  ајварка до 100 денари, во зависност од големината. Модрите патлиџани се продаваат по 20 денари парче, а морковот чини 50 денари за килограм.

Извор: vecer.press

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje