Vrabotuvanje.com - Администрацијата ќе добие К-15 од 11.000 денари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Администрацијата ќе добие К-15 од 11.000 денари

Владата соопшти дека К-15 за годишен одмор што ќе биде исплатен за администрацијата и други вработени од јавниот сектор ќе изнесува 11.000 денари и дека ќе биде исплатен до крајот на декември.

Администрацијата ќе добие К-15 од 11.000 денари

„Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените“, соопшти Владата.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

Извор: faktor.mk
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje