Vrabotuvanje.com - Жителите на Солун тротинетите ги фрлаат во море, извлечени десетици од градското шеталиште
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Жителите на Солун тротинетите ги фрлаат во море, извлечени десетици од градското шеталиште

Десетици тротинети биле извлечени во акцијата за чистење на Солунскиот залив. Покрај тротинетите од морето биле извлечени и мотори, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина.

Жителите на Солун тротинетите ги фрлаат во море, извлечени десетици од градското шеталиште

Во чистењето на морето учествуваа околу 80 волонтери, од кои 40 нуркачи, како и четири чамци.

„Иако на дното на морето беше многу матно, успеавме да лоцираме и извадиме батерии, гуми, старо железо и многу тротинети и велосипеди“, рече за грчката новинска агенција АНА-МПА нуркачот Димитрис Полизас.

Според Сотирис Николау, генералниот директор на невладината организација МЦЕП што учествуваше во акцијата, чистењето било на еколошки начин, односно без производство на диоксид, а отпадот ќе биде испратен за рециклирање и создавање производи од рециклирана пластика.

Акција беше на иницијатива на организиран Солунското пристаниште во соработка со низа невладини организации за заштита на животната средина, со компании, со поддршка на Меѓународниот саем, а под покровителство на Министерствата за поморство и за внатрешни работи (секторот за Македонија и Тракија), Периферијата централна Македонија и Општина Солун.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje