Vrabotuvanje.com - И Албанија почна да ни ги „краде“ младите работници – платите достигнуваат и до 3.000 евра
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

И Албанија почна да ни ги „краде“ младите работници – платите достигнуваат и до 3.000 евра

Во последните години, Албанија доживува значителен економски напредок, што се манифестира преку интензивна градежна активност и туристички развој.

И Албанија почна да ни ги „краде“ младите работници – платите достигнуваат и до 3.000 евра

Со плати кои достигнуваат и до 3.000 евра за инженерски позиции, оваа земја станува атрактивна дестинација за работници од Македонија.

Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува работа без виза, што уште повеќе ја зголемува мобилноста на работната сила.

Според податоците, не само што Албанија го надминала БДП на Македонија, туку и минималната и просечната плата се во пораст.

Економските експерти со коишто разговаравме на оваа тема велат дека иселувањето на работниците не е само резултат на подобрите плати, туку и на пооптимистичката економска клима во Албанија.

„Инвестициите во инфраструктура и туризам создаваат нови можности за работа и кариера, што е особено привлечно за младите од Македонија. Наместо да одат на печалба во Хрватска, Црна Гора или на Малта, сега тие имаат уште една дестинација на располагање, а тоа е Албанија. Лесно се наоѓа работа, а кога ќе се најде таа е прилично добро платена“, објаснуваат експертите.

Сепак, оваа тенденција на иселување предизвикува загриженост за домашниот пазар на труд во Македонија, бидејќи се губат квалификувани кадри.

„Ова исто така може да послужи како поттик за домашните компании и Владата да преземат мерки за подобрување на условите за работа и живот во земјава. Со правилни стратегии и политики, Македонија може да го задржи својот талент и дури и да привлече работници од други земји“, коментираат економистите.

Извор: denar.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje