Vrabotuvanje.com - Каде на одмор во октомври по поволни цени?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Каде на одмор во октомври по поволни цени?

Кога ќе дојде септември оние кои веќе биле на одмор размислуваат за некоја есенска екскурзија а оние кои одат во текот на овој месец едвај чекаат да одат на море и да ги искористат последните денови од летото. Но што е со оние кои кои сеуште немаат искористено одмор?

Каде на одмор во октомври по поволни цени?

На море можете да одите и во октомври, и тоа за екстра пониски цени да уживате во дестинации кои во текот на сезоната се реално прескапи. Тогаш не само што има помалку гужви и цените се пониски, морето е сè уште доволно топло за да можете да пливате.

Еве Ви предлог на неколку такви дестинации:

Турција

Како место кое има многу сончеви денови, Анталија е една од најдобрите дестинации што можете да ги посетите удобно во октомври.

Она што е важно е дека во октомври ќе најдете сеопфатни аранжмани со поволни цени со кои ќе уживате во добро познатиот All Inclusive концепт. Цените за одмор во Турција за почетокот на октомври се од 350 евра по лице за 7 дневен аранжман со чартер лет од Скопје.

Египет

Црвеното Море е едно од најтоплите во светот, а октомври се уште е сезона на пливање.

Октомври е одличен месец за посета на Хургада, затоа што тогаш нема да морате да се грижите за екстремните температури и многу силно сонце, а сепак ќе можете да уживате во прекрасното море, да го гледате подводниот свет, да ја истражите пустината и да го посетите Бедуинското село а секако дека мора да го посетите и Каиро пирамидите.Цените за 7 дневен аранжман во Хургада во октомври се од 489 евра со вклучен чартер лет од Скопје со All inclusive услуга.

Кипар

Кипар со причина го нарекуваат Сончев остров, што значи дека есента е вистинско време за летен одмор, односно за капење.Овде лето е од март па се до крајот на октомври. Посетата на ова дестинација во октомври значи помалку гужва на плажите и градовите.

Кипар има прекрасни плажи а една од нив е плажата Nissi. Ако се решите за одмор во Кипар, најдобра опција е да измајмите мотор на 4 тркала и да го истражите целиот остров. Аја Напа секако е најпознатото туристичко место каде ќе се изненадите од достапните цени за туристите. Ако Вашиот избор е Кипар тогаш Вашата опција за патување е со лет од Солун.

Тенерифе

По лудите летни месеци, во октомври сè е малку побавно, со помалку гужви и послабо сонце, но сепак е доволно топло за капење. Не многу луѓе се одлучуваат да летуваат на најголемиот Канарски остров во октомври, но тоа е грешка, бидејќи многу хотели тогаш нудат многу поевтино сместување отколку во екот на сезоната.

На островот има неколку прекрасни плажи, некои од нив се опкружени со огромни, впечатливи карпи, а дефинитивно треба да ја истражите внатрешноста, односно Националниот парк Теиде. Во него се наоѓа третиот највисок вулкан во светот, кој можете да го видите додека се возите на жичарницата.

Извор: a1on.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje