Vrabotuvanje.com - КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

Поскапува кафето на берзите.

КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство

Глобалната цена на сировото кафе сега е на „највисоко ниво на сите времиња“, а ќе продолжи да се зголемува поради комбинацијата на проблематичните услови за производство.  Од Меѓународната организација за кафе информираат дека извозот на кафето „робуста“ од Виетнам во јуни е преполовен во однос на јуни претходната година, а залихите на сортата се „речиси исцрпени“.

Цената на сировото кафе на берзите во Лондон за  сортата „робуста“ и Њујорк за сортата  „арабика“ порасна дури 5 пати од јануари 2016 година до почетокот на септември годинава.

Сега сите се свртени кон Бразил каде се очекува пролетната жетва која зависи од дождовите од годинава. Бразил има проблеми со производството на кафе поради климатските промени. Во 2021 година, необичен мраз ги уништи посевите на кафе во Бразил, најголемиот светски производител на „арабика“. Од тогаш купувачите се свртија кон Виетнам, Колумбија, Етиопија, Перу и Уганда каде што  се произведува сортата „робуста“ што вообичаено се користи во инстант мешавини.

Ова е резултат на најтешката суша во последните скоро десет години поради што  Виетнамците го напуштаат производството на кафе. 

Извор: faktor.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje