Vrabotuvanje.com - НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВНИ ВОЗИЛА ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ! Ќе имаат таблички со посебна боја и ќе се знае кој каде оди
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВНИ ВОЗИЛА ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ! Ќе имаат таблички со посебна боја и ќе се знае кој каде оди

Директорот на СОЗР, Ивица Томовски најави борба против злоупотребата на државните ресурси: Крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели!

НЕМА ВЕЌЕ ДРЖАВНИ ВОЗИЛА ЗА ПРИВАТНИ ЦЕЛИ! Ќе имаат таблички со посебна боја и ќе се знае кој каде оди

На денешната седница на Владата, на мој предлог, беше формирана комисија составена од СОЗР, Кабинет на Претседател на Влада на Р.М, Генералниот секретаријат, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за енергетика и Кабинет на Министерот за добро владеење, со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.

Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и Законот за возила

Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните.

На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата.

Остваруваме уште едно предизборно ветување, напиша Томовски.

Извор: vecer.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje