Vrabotuvanje.com - Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија

Просечната јулска нето плата во Хрватска изнесува 1.315 евра, што номинално и реално исто како и во јуни, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС). На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 15,2 отсто, а реално за 12,7 отсто, во однос на јули 2023 година.

Просечната плата во Хрватска стигна до 1315 евра или речиси 700 евра повеќе од Македонија

Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за јули 2024 година е исплатена во секторот авиосообраќај и изнесува 2.248 евра. За разлика од нив, најниска просечна нето плата во Хрватска е забележана во производството на облека во јули и изнесува 856 евра, се наведува на веб-страницата на ДЗС.

Медијалната нето плата во Хрватска за јули изнесува 1.130 евра, што значи дека половина од вработените во Хрватска заработуваат помалку од споменатата сума.

Извор: skopjeinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje