Vrabotuvanje.com - Потребни се 61.306 денари да преживее едно четиричлено семејство
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Потребни се 61.306 денари да преживее едно четиричлено семејство

Во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари велат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Ова е минимално зголемување во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.

Потребни се 61.306 денари да преживее едно четиричлено семејство

„Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари споредено со месец август (22 317,00 денари) и истите како трошок се зголемени за 717,00 денари, што покажува дека трговците во текот на месецот ги искористија најавите за воведување на ограничени маржи или цени за да ги зголемат цените на основните прехранбени производи пред објавување на Одлуката на Владата во Службен весник и на тој начин дополнително да се збогатат и да си осигураат зголемени цени и во наредниот период, односно за време на траењето на Одлуката за ограничени маржи на штета на граѓаните и работниците во Македонија“, велат од ССМ.

Според ССМ синдикалната минимална кошница за трошоци за исхрана и пијалоци во целост, односно 86 проценти се превземени во листата на производи чии маржи се ограничени од страна на Владата со што се очекува дека доколку мерката се почитува од страна на трговците, ќе придонесе за значајно намалување на трошоците за храна и пијалоци на најранливите категории на граѓани или на работниците со најниски примања.

Извор: skopjeinfo.mk

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje