Vrabotuvanje.com - Колку треба да заработувате во Германија за да ве сметаат за богат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Колку треба да заработувате во Германија за да ве сметаат за богат

Како што објаснува владиниот Извештај за богатството и сиромаштијата, се смета дека имате висок приход ако заработувате дупло од просечниот приход. Според тоа, моментално е 3.894 евра нето.

Колку треба да заработувате во Германија за да ве сметаат за богат

Многу граѓани сметаат дека за богатство можат да зборуваат само ако имаат нето приход од околу 9.000 евра месечно, но се богати и со многу помалку пари.

Просечниот приход во Германија моментално е 1.947 евра нето (што е приближно 3.000 евра бруто). Тоа значи дека има толку луѓе кои заработуваат помалку од оваа граница колку што има и оние чија плата е над неа. Оваа нето плата е точно на средина на сите плати.

Како што објаснува владиниот Извештај за богатството и сиромаштијата, се смета дека имате висок приход ако заработувате двапати од просечниот приход. Тоа би било 3.894 евра нето.

Тоа е нето приходот со кој некој се смета за богат, за кој би бил потребен бруто приход од најмалку 6.100 евра (даночна група 1). Сите во даночната група 3 ја достигнуваат таа магична граница со бруто плата од околу 5.500 евра.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje