Vrabotuvanje.com - Какви се правилата за ноќните линии на ЈСП? Контроли наплаќале по 50 денари за возење во ноќен автобус
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Какви се правилата за ноќните линии на ЈСП? Контроли наплаќале по 50 денари за возење во ноќен автобус

Студентите и средношколците се жалат дека бесплатните билети не им важат во ноќните линии, а за превоз во нив им биле барани по 50 денари.

Какви се правилата за ноќните линии на ЈСП? Контроли наплаќале по 50 денари за возење во ноќен автобус

На социјалните мрежи се споделуваат повеќе вакви видеа, а според сведоштвото на студентка од Скопје, при застанување на секоја постојка се чека и по 10 минути и се прават редици од патници, за контролорите кои стојат на врата да го наплатат влезот. Оние пак кој нема да го сторат тоа не биле пуштани да влезат. Дополнителна гужва и чекање на постојките се створила бидејки при застанување се отварало само по една врата, се додека не стигнале на постојката кај Градежен факултет, каде поради големата гужва на патници на постојката биле отворени двете врати.

Официјален одговор од ЈСП и од директорот на претпријатието Драги Кушовски за тоа на каков начин е регулирано наплаќањето за користрење на ноќните линии не добивме. Но Канал 5 истото прашање го постави на јавно достапниот диспечерски центар на ЈСП, од каде ни беше одговорено дека за користење на ноќниот превоз не важат месечните градски, приградски и училишни билети, туку дека при влез во автобусот се наплаќа билет за ноќно возење кој чини 50 денари, како и преку надополнување на ноќен кредит во картичките.

До ЈСП поставивме и прашање дали по реакциите на средношколците и студентите се размислува нивните бесплатни картички да важат и во ноќните линии, но одговор засега не добивме, велат од Канал 5. 

Извор: kanal5.com.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje