Vrabotuvanje.com - Временска прогноза: ЛЕТО Е!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Временска прогноза: ЛЕТО Е!

Временска прогноза: ЛЕТО Е!

Сончево и топло време ќе преовладува до утре попладне, кога ќе започне да се зголемува облачноста, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Се очекува денешната минимална температура да биде во интервал од 7 до 16, а максималната да достигне од 26 до 32 степена.

Во Скопје, се очекува сончево и топло време со слаб ветер од југоисточен правец. Најавено е минималната температура да се спушти до 12, а максималната да достигне до 31 степен.

 

И утре времето ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, в недела ќе има поголема промена на времето со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Се најавува да дува засилен северен ветер, што ќе продолжи и в понеделник, кога се очекува да предизвика значителен пад на температурата – за 8 до 10 степени. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje