Vrabotuvanje.com - Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред сѐ поради немање пристојни услови за градење иднина
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред сѐ поради немање пристојни услови за градење иднина

Почнува уште една академска година, а мерки за спречување на одливот на мозоци ниту на хартија. Нема развојни политики ниту конкретни програми и покрај официјалните податоци дека Македонија е на високо петто место по емиграција на високообразован кадар. Од година во година бројот на студенти кои учат надвор е се поголем а додека институциите немо следат што се случува, развиените земји прават се да ги привлечат нашите студенти таму.

Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред сѐ поради немање пристојни услови за градење иднина

Основен проблем се условите за студентите и академската фела, но во последните неколку години младите заминуваат поради трулиот систем кој не им нуди пристојна иднина дома.

Вознемирувачки податоци открива последното истражување објавено на Гласот на Америка. По изработената компаративна анализа за одлив на мозоци од Македонија, Косово и Албанија се доаѓа до заклучок дека 72 доктори на науки и докторанти загубила нашата држава според статистиката од последната година, меѓу кои доктори на природни науки, економија, социологија, медицина, инженерство и компјутерски науки. Спроедбено со другите две држави,бројот од Косово и Албанија е многу поголем. Македонските доктори на науки остваруваат некаква  соработка со домашната академска фела дури дел од нив се враќаат назад, што не е случај со оние од Албанија кои изрично одбиваат да се вратат во родената земја.

Извор: sitel.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje