Vrabotuvanje.com - М Кеш и оваа година обезбеди превентивни ехо прегледи на дојка, за своите вработени и клиентки
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

М Кеш и оваа година обезбеди превентивни ехо прегледи на дојка, за своите вработени и клиентки

Финансиско друштво М Кеш и оваа година ја изрази својата одговорност како комапнија која постојано работи на поддршка, сигурност, и добросостојба на своите вработени преку различни иницијативи, донесување одговорни одлуки и чувство на емпатија кон вработените!

М Кеш и оваа година обезбеди превентивни ехо прегледи на дојка, за своите вработени и клиентки

Со почетокот на месец октомври, ја одбележуваме глобалната кампања „Розов Октомври“ посветена на подигање на свесноста за ракот на дојка.

Оваа кампања има за цел да ја зголеми информираноста за важноста на раната дијагноза и превентивните прегледи, кои значително можат да го зголемат процентот на успешни третмани и да спасат многу животи.

Како компанија со висока свесност за важноста на здравјето на нашите вработени и воопшто на општеството во кое живееме, овој октомври, во чест на Розовиот месец, организиравме бесплатни прегледи за ехо на дојка за нашите жени вработени. Оваа иницијатива е доказ за нашата континуирана грижа и одговорност кон здравјето на вработените, со цел да се поттикне свеста за значењето на превентивните прегледи. 

Преку оваа иницијатива над 140 жени имаат можност во текот на овој месец да пристапат кон висококвалитетни превентивни здравствени услуги.

Но, со оваа иницијатива покрај грижата кон вработените би сакале со овој гест да ја изразиме грижата и почитта кон нашите клиентки!

Во нашите Продавници за пари на 54 локации доделивме ваучери за бесплатен преглед - ехо на дојки, со цел да ја зголемиме свеста и да поттикнеме повеќе жени да превземат активни мерки за своето здравје. Оваа кампања е посветена на сите храбри жени кои се соочуваат со ракот на дојка и на оние кои го поддржуваат патот кон превенција и лечење.

Затоа, ве повикуваме да се придружите на кампањата „Розов Октомври“ и да го поддржите ширењето на информациите за ова важно прашање. Носете розово, ширете љубов и поддршка!

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje