Vrabotuvanje.com - Пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло

Пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло

Бројни се предизвиците со кои се соочуваат пчеларите. Климатските промени, загадувањето но и нелојалната конкуренција, се главни причини за намалување на приносите на мед во последните години, пренесува МТВ. Допололнителен проблем претставува што пазарот е преплавен со мед со сомнително потекло и многу ниска цена, поради што не можат да ги продадат и оние мали количини мед што ги произведуваат, истакнаа пчеларите на манифестацијата „Денови на македонското пчеларство“ во Битола.

„Мали приноси, ниска цена и големи проблеми имаме“ вели Тања Исовска, која цел живот се занимава со производство на мед. Во минатото од едно стационирано пчелно семејство имало и до 80 килограми мед, оваа година од 8 до10 килограми.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството им порачаа на пчеларите, да ги користат советодавните услуги кои ги нудат, со цел максимално искористување на мерките за финансиска поддршка кои ги предлага Владата.

Македонското пчеларство е во критична состојба, за да може да опстане потребно е соработка на пчеларите и институциите, поголеми контроли како и подигнување на свеста кај потрошувачите за купување квалитетен домашен мед.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje