Vrabotuvanje.com - Што ќе значи влезот на Македонија во СЕПА
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Што ќе значи влезот на Македонија во СЕПА

Што ќе значи влезот на Македонија во СЕПА

Единствената област за плаќање во евра, што е долгото име за СЕПА, ќе ги убрза и драматично ќе ги поевтини трансакциите кон европските земји и за граѓаните и за фирмите. Во првиот круг, членство во СЕПА очекуваат Македонија, Албанија и Црна Гора. Вкупните заштеди, на ниво на цел Западен Балкан, се проценуваат на околку половина милијарда евра годишно.

Кој примал пари од роднини од странство или кој, на пример, уплаќал депозит за летување во ЕУ, знае колку можат да бидат спори и скапи овие трансакции. Земјава, сега, е на пат таквите плаќања да ги сведе на време од само неколку секунди, со далеку помалку трошоци.

Народната банка во јули поднесе барање да стане членка на СЕПА или со цел назив – Единствената област за плаќање во евра. Адресирано е до Европскиот сосвет за плаќања, иако механизмот не е дел од инситуционалната рамка на ЕУ, туку непрофитна асоцијација на банките и други даватели на платежни услуги. Одлуката, сепак, дали една земја ќе биде примена во СЕПА, се потпира на исполнувањето на европски регулативи.

Ако се реализираат очекувањата, ќар од членството во СЕПА од Нова година ќе видат и граѓаните и фирмите

Целата вест прочитајте ја на: 360stepeni.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje