Vrabotuvanje.com - Хрватска ја зголемува минималната плата на 750 евра од 1 јануари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Хрватска ја зголемува минималната плата на 750 евра од 1 јануари

Со новата минимална плата ќе бидат опфатени 30.000 лица повеќе од пред две години.

Хрватска ја зголемува минималната плата на 750 евра од 1 јануари

Од 1 јануари идната година износот на минималната бруто плата во Хрватска се зголемува за 15 отсто, од овогодинешните 840 на 970 евра, одлучи хрватската Влада. Во нето износ, тоа значи дека оние кои работат за „минимум“ со почетокот на 2025 година ќе добијат покачување од околу 80 евра, од приближно 670 на 750 евра.

Нагласувајќи дека целта е да се обезбеди подостоинствен живот на оние кои имаат најмалку, премиерот Андреј Пленковиќ рече дека во Хрватска денеска сто илјади луѓе добиваат минимална плата.

Иако последниот чекор во покачувањето на минималната плата е проследен со коментари дека тоа и понатаму е доволно само за „покривање на режиските трошоци“, факт е дека тие, како и просечните плати, растат со двоцифрена стапка во последните неколку години.

Минималната плата оваа година, во однос на лани е зголемена за 20 отсто, а на ова претходеа годишни зголемувања од 12 и 11 отсто во 2023 и 2022 година. Висината на минималната плата утврдена за следната година споредено со, на пример, 2020 година (кога беше 546 евра) е поголема за 78 отсто.

Извор: „Пословни дневник“

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje