Vrabotuvanje.com - Стабилно и сончево време во Македонија до крајот на неделата, наутро останува студено
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Стабилно и сончево време во Македонија до крајот на неделата, наутро останува студено

Минималната температура денес ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје утрото ќе биде студено, преку денот сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 21 степени.

Стабилно и сончево време во Македонија до крајот на неделата, наутро останува студено

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса, до крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови по котлините  и по речните долини ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

Во Скопје и околината исто така, до крајот на оваа недела времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со мала локална облачност. Ќе биде претежно тивко, а во утринските часови ќе има појава на магла или на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, наутро останува студено, со минимални температури, кои понекаде, особено во Беровскиот регион, како и на високите места  и на планините ќе се спуштаат за некој степен под нулата, а на повеќето места тие ќе се спуштаат до околу, или под 5 степени.

Максималните дневни температури, до четврток ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека потоа ќе бележат тенденција на пад за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје  температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 5  и 7 степени, додека максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 23 степени.

Извор: „Метео Аларм

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje