Vrabotuvanje.com - Италијанец пред 20 години направил скара во дворот и поради тоа сè уште се тужат со соседот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Италијанец пред 20 години направил скара во дворот и поради тоа сè уште се тужат со соседот

Невообичаен спор меѓу две италијански семејства за скара која е премногу блиску до оградата продолжува и по 20 години.

Италијанец пред 20 години направил скара во дворот и поради тоа сè уште се тужат со соседот

Судот во градот Тавернеле во провинцијата Виченца го врати овој случај пред Апелациониот суд во Венеција, пишува „Кориере дел Венето“.

Спорот започнал во далечната 2004 година кога семејството Тонин се обратило до судот во Виченца бидејќи им пречел чадот од скарата на нивниот сосед, за која велат дека била изградена премногу блиску до оградата меѓу двата имота.

Во 2007 година, првостепениот суд го одби барањето за уривање на скарата од тули, сметајќи дека не се работи за градба која би била опфатена со уредбата за урбанистичко планирање.

Наместо тоа, судот му наложи на семејството Коча-Монтеризис да најде начини да го намали количеството чад што е вознемирувачко.

Семејството Тонин ја обжали оваа одлука, за да го изгубат случајот повторно во 2019 година. Потоа двете семејства поднесоа жалба до Врховниот суд, кој сега нареди нова постапка, прифаќајќи ја жалбата на Тонин, со образложение дека скарата од тули мора да се смета и за „изградена структура“ и дека поради тоа подлежи на прописите за урбанистичко планирање.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje