Vrabotuvanje.com - Ученик пред повеќе од 100 години позајмил книга и никогаш не ја вратил: Пронајдена дури 113 години подоцна
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Ученик пред повеќе од 100 години позајмил книга и никогаш не ја вратил: Пронајдена дури 113 години подоцна

Книга позајмена од училишна библиотека во Камбрија, Англија пред Првата светска војна вратена е дури 113 години подоцна.

Ученик пред повеќе од 100 години позајмил книга и никогаш не ја вратил: Пронајдена дури 113 години подоцна

Копија од „Поезијата на Бајрон“, ја пронашол маж во велшкиот округ Кармартеншир и решил да ја врати во библиотека во Камбрија откако видел дека е позајмена од ученик во тоа училиште, пишува „Гардијан“.

Внатре во сината книга било напишано името на Леонард Јубанк, како и датумот 25 септември 1911 година. Јубанк, кој бил роден во 1893 година, бил ученик во училиштето „Сент Бис“ од 1902 до 1911 година, пред да ги продолжи студиите на Квинс колеџот, Оксфорд.

Записите покажуваат дека, и покрај слабиот вид, тој бил регрутиран во 1915 година за да се бори во Првата светска војна. Леонард бил убиен во битка на 23 февруари 1916 година.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje