Vrabotuvanje.com - Скопското Кале напролет ќе ги отвори вратите за посетители
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Скопското Кале напролет ќе ги отвори вратите за посетители

Скопското Кале напролет ќе ги отвори вратите за посетители

Ревитализацијата на Скопското Кале ќе продолжи откако новоформираната комисија ќа ја утврди актуелната состојба во која се наоѓа запуштената тврдина, која потекнува од 6 век, а потоа ќе се пристапи на довршување на реконструкцијата. Се очекува Калето да биде реконструирано до март следната година. Ова го кажа професорот Драги Митревски, на одржаната платформа во владата, на тема „Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“. Според Митревски, завршени се скоро 90% од активностите од првата фаза за обнова на Скопското Кале, а со нејзино финализирање, тврдината ќе биде достапна за туристите.

Со реализација на првата фаза, која што всушност треба да го врати Калето во онаа состојба, во која што беше во 2017 година, уште со реализација на таа фаза, Калето ќе биде спремно за туристичка експлоатација и ќе може да се стави во таа функција“, изјави Драги Митревски, раководител на Работната група за ревитализација на Скопското Кале.

За комплетна ревитализација на оваа културно-историска знаменитост ќе бидат потребни уште две до три фази. Според Митревски, Калето заедно со Аквадуктот, римскиот град Скупи и црквата Свети Пантелејмон, го прават Скопје град со вредности , кои се во врвот на европската култура.

 

Извор: republika.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje