Vrabotuvanje.com - Протест на лекарите во Словачка: Повеќе од 2.700 ги напуштија работните места во еден ден
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Протест на лекарите во Словачка: Повеќе од 2.700 ги напуштија работните места во еден ден

Повеќе од 2.700 словачки лекари колективно ги напуштија своите работни места во вторникот во знак на протест против работните услови и владините мерки за штедење.

Протест на лекарите во Словачка: Повеќе од 2.700  ги напуштија  работните места во еден ден

Лекарскиот синдикат ЛОЗ соопшти дека ова е повеќе од половина од болничките лекари во земјата. Подготвен и се да ја повлечат својата одлука доколку Владата исполни голем број барања, како нова болничка опрема и ангажирање дополнителен персонал.

Засега нема договор со новиот словачки министер за здравство.

„Очигледно, единствениот начин да се постигне нешто во словачкиот здравствен систем е да се поднесе оставка“, изјави за новинарите во вторникот шефот на ЛОЗ, Петер Висолајски.

Главен поттик за масовни отпуштања, кои се закануваат со месеци, се мерките за штедење кои во текот на летото ги најави владејачката коалиција од три партии предводена од премиерот Роберт Фицо.

Дел од таа програма е откажување на ветените зголемувања на платите на лекарите и медицинскиот персонал, како и планот за претворање на болниците во јавно-приватно партнерство, што претставници на лекарите го сметаат за „притаена приватизација“ на болниците.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje