Vrabotuvanje.com - Wolt наскоро започнува со работа во Македонија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Wolt наскоро започнува со работа во Македонија

Финската компанија за испорака на храна Wolt наскоро ќе започне со работа во Македонија, како што објави Element PR, официјалниот партнер на Wolt за Македонија.

Wolt наскоро започнува со работа во Македонија

Според информации добиени од Skopje.IN, веќе се потпишани договори со некои ресторани во Скопје.

Претходно, Wolt објави работни огласи за позиции во Македонија и учествуваше на саеми за вработување. Локалната компанија беше регистрирана на 17 јули годинава.

Како што наведува тимот за ПР, со оваа експанзија, Македонија се приклучува на растечката мрежа на Wolt, која опфаќа 28 земји и вработува повеќе од 12,000 луѓе.

Оваа година, Wolt официјално започна со работа во Албанија и Луксембург, а во регионот исто така функционира во Грција и Србија. Wolt е првата меѓународна компанија за испорака на храна која ќе започне со работа во Македонија.

„Патувањето на Wolt започна во 2014 година како мал стартап со шест ко-основачи. Денес, тоа е водечка платформа која поддржува економска активност од 19 милијарди евра на пазарите каде што функционира, давајќи значителен придонес во економиите на регионите каде што работи. Во текот на последната деценија, Wolt соработуваше со над 150,000 трговци, обработувајќи 700 милиони нарачки“, изјави тимот за ПР на Wolt во Македонија.

 

Извор: skopje.in

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje