Vrabotuvanje.com - Европските научници согласни: „Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5°C“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Европските научници согласни: „Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5°C“

Агенцијата на ЕУ Copernicus проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55°C повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48°C во 2023 година.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

„По десет месеци, 2024 година е речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5°C над прединдустриските нивоа“, рече директорката на агенцијата Саманта Берџис.

„Тоа е пресвртница за глобалната температура што треба да послужи како катализатор за подигање на амбициите на претстојната климатска конференција COP29“, додаде таа.

COP29 започнува во понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.

Извор: tocka.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje