Vrabotuvanje.com - Укинување на зелениот картон за 3 држави, конечната одлука ќе се знае во декември
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Укинување на зелениот картон за 3 држави, конечната одлука ќе се знае во декември

Укинување на зелениот картон за 3 држави, конечната одлука ќе се знае во декември

Одлуката дали граѓаните на Македонија ќе треба да продолжат да купуваат зелен картон за влез во Србија, Албанија и Молдавија ќе биде позната до крајот на годината, најверојатно во средината на декември.

Според Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел, овој трошок за граѓаните на Македонија, како и за другите членки на ЦЕФТА договорот, треба да биде укинат. Во моментов, поседувањето на овој документ е задолжително при влез на територијата на Русија, Белорусија, Украина, Турција, Израел, Иран, Тунис и Мароко.

Зелениот картон претставува доказ дека сопствениците на автомобили веќе имаат платено осигурување за своето возило. Тој не е посебен документ, туку потврда за уплатеното осигурување, за која се издвојуваат одредена сума пари.

Во Македонија, возачите во просек плаќаат околу 2.000 денари месечно или речиси 4.000 денари годишно за зелен картон.

Извор: skopskoeho.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje