Vrabotuvanje.com - 50 евра казна за фрлање паричка во Фонтаната Треви во Рим
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

50 евра казна за фрлање паричка во Фонтаната Треви во Рим

Рим постави пешачки мост над Фонтаната Треви за туристите да можат да ја посетат светски познатата атракција додека таа се реставрира.

50 евра казна за фрлање паричка во Фонтаната Треви во Рим

Фонтаната е испразнета, а долниот дел од базенот е ограден, што може да ги разочара туристите.

За да им овозможи на посетителите пристап до фонтаната, која е завршена во 1762 година и е украсена со сложени скулптури на митски морски суштества, градскиот совет во италијанската престолнина постави шеталиште и мал привремен базен за туристите кои сакаат да фрлаат монети.

Градските власти се надеваат дека ќе можат да го искористат пешачкиот мост за да го измерат бројот на туристи кои ја посетуваат атракцијата.

Резултатите ќе се користат за изнаоѓање мерки за решавање на проблемот, како што се ограничување на пристапот до скалите на фонтаната и воведување мала такса.

Влезот на пешачкиот мост е бесплатен, но традиционалниот чин на фрлање парички во главната фонтана е забранет додека таа се реставрира, а казната за оние кои не го почитуваат е 50 евра.

Извор: trn.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje