Vrabotuvanje.com - Се менуваат условите за пензионирање во Србија за помалку од два месеци
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Се менуваат условите за пензионирање во Србија за помалку од два месеци

Се менуваат условите за пензионирање во Србија за помалку од два месеци

Од Нова година, за помалку од два месеца, ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во соседна Србија. Прописите наведуваат дека услов за пензионирање на жените од 1 јануари 2025 ќе биде, наполнети најмалку 63 години и 10 месеци.
Tогаш ќе се изедначи старосната граница за мажи и за жени и ќе се комбинира стажот за да се оствари правото на пензија, изјави за РТС, директорот на Секторот за остварување права од пензиско и инвалидско осигурување на ПИО Фондот. Од таму посочуваат дека тенденцијата е мажите и жените да ја изедначат старосната граница за пензионирање, а треба да се прави и разлика меѓу старосна пензија и предвремена старосна пензија.

Кај жените старосната граница се менува од година во година – сегашниот услов е 63 години и осум месеци, а веќе од следната година ќе бидат потребни два месеца повеќе за одење во пензија, односно 63 години и 10 месеци.

Како што се наведува, условот за остварување право на старосна пензија ќе се поместува за два месеца во секоја наредна година, што би значело дека до 2032 година условот за остварување право на старосна пензија ќе биде изедначен за мажите и за жените. Кога станува збор за предвремено пензионирање, условите и за мажите и за жените се исти – 40 години стаж и најмалку 60 години, пишува Н1.

Извор: netpress.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje