Vrabotuvanje.com - Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави

Декември е далеку, ама на фирмите им се брза – фрчат резервации за предновогодишни забави

Со приближувањето на крајот на годината, атмосферата во корпоративниот свет станува сè повесела и поопуштена, додека многу компании започнуваат подготовки за традиционалните предновогодишни забави. Овие настани не се само можност за одбележување на деловниот успех, туку и можност да се наградат вработените за нивната посветеност и ангажираност во текот на целата година.

Додека сè уште е рано за самиот дочек на Новата година, голем број од рестораните низ градот веќе имаат резервации за предновогодишните собири. Тенденцијата на предвремено резервирање на места за забави е видлива кај угостителите, особено во популарните локации како Дебар Маало.

Токму таму, еден од сопствениците на луксузен ресторан во неформален разговор за порталот Денар сподели дека годинава интересот за резервации е значително зголемен.

„Иако има повеќе од еден месец до Нова Година, веќе сме речиси целосно резервирани за декември. Компаниите се обидуваат на време да обезбедат место за своите вработени, што покажува дека предновогодишната еуфорија започнува рано“, изјави тој.

Ова зголемено интересирање може да се објасни и со потребата на фирмите да ги мотивираат и задржат своите вработени во услови на динамични пазарни промени.

Прославите се начин да се создаде чувство на припадност и тимски дух меѓу колегите, а истовремено служат и како одличен метод за изразување благодарност за нивниот труд и залагање.

Според истражувањата, ваквите настани имаат позитивно влијание врз моралот на вработените, што е од клучно значење за нивната продуктивност.

Покрај луксузните ресторани, и останатите угостителски објекти низ Скопје забележуваат растечки број на резервации, особено во делот на софистицирани концепти со висока кулинарска понуда и префинет амбиент. Оваа година, се чини дека се бара уникатно и специјално искуство, а компаниите се подготвени да инвестираат за да создадат незаборавна вечер за своите вработени.

Со оглед на растечкиот тренд, може да се очекува дека декемвриските ноќи ќе бидат исполнети со прослави, додека во рестораните и кафулињата низ градот ќе се чувствува весел дух на заедништво и радост.

Извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje