Vrabotuvanje.com - ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување

Оваа година ќе биде најтопла досега и прва во која просечната температура беше за повеќе од 1,5 степени потопла од прединдустрискиот просек, објавија европските научници.

ТОЧКАТА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Научниците објавија застрашувачки факт - го поминуваме прагот на глобалното затоплување

Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде 1,55 степени над прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

„По десет месеци, 2024 година е речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа“, рече директорката на агенцијата Саманта Бургес.

„Тоа е пресвртница за глобалната температура што треба да послужи како катализатор за подигање на амбициите на претстојната климатска конференција COP29“, додаде таа.

COP29 започнува во понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување на под два степени, идеално до 1,5 Целзиусови степени.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje