Vrabotuvanje.com - Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан

Бунт во италијанско гратче – не дозволуваат елката стара 200 години да се пресече и однесе во Ватикан

Жителите на едно гратче во близина на италијанското езеро Гарда одржаа протест против сечењето на новогодишна елка, која требало да биде однесена во Ватикан. Елката висока 29 метри треба да се исече и да се пренесе на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Околу 5.000 жители на долината Вал ди Ледро, на околу 20 минути од малиот град Рива дел Гарда, направија круг околу 200-годишната ела која требаше да биде исечена за да служи како новогодишна елка во Свети Петар, плоштадот во Ватикан.

„Тоа е обичај кој мора да престанеме да го практикуваме за доброто на животната средина“, најавија организаторите на протестот и апелираа до поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, да го поштеди „Зелениот џин“.

Петицијата да се спаси дрвото од сечење собра повеќе од 50.000 потписи на веб-страницата change.org.

Извор: fakulteti.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje