Vrabotuvanje.com - Google воведува привремени е-адреси
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Google воведува привремени е-адреси

Google воведува привремени е-адреси

Google развива нова функција наречена Shielded Email, која ќе им овозможи на корисниците да креираат привремени адреси за е-пошта, обезбедувајќи подобра заштита на приватноста. Ова e значаен чекор за корисниците на Gmail, особено за оние кои се фокусираат на безбедноста и на анонимноста.  Ако корисникот одлучи дека повеќе не сака да прима е-пошта на привремената адреса, ќе може лесно да ја избрише.

Shielded Email ќе овозможи да се создадат еднократни уникатни адреси за е-пошта кои ги препраќаат пораките до примарната сметка, со што се одбегнува потребата од приложување на приватната, вистинската адреса за е-пошта при пополнување формулари или при регистрирање на веб-страници и услуги. Овој систем потсетува на функцијата Hide My Email од Apple, која на корисниците им генерира случајни адреси за да ја заштитат главната е-пошта.

Привремените адреси или Shielded Email ќе помогнат да се намали ризикот од спам и несакани пораки, како и да се заштитат личните податоци од услуги кои споделуваат информации со трети страни

Извор: press24.mk

 

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje