Vrabotuvanje.com - Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото има порака
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото има порака

Дали ви се случува да се будите многу често, да не речам секоја вечер, помеѓу 3 и 5 часот наутро? Знаете дека не сте јаделе или пиеле многу пред спиење, па телото нема причина да се разбуди, а сепак, нешто го вознемирува… Причината е невообичаена, донекаде неверојатна.

Се будите помеѓу 3 и 5 часот наутро? Телото има порака

Телото ви испраќа порака за која не сте ни свесни – будењето во овој период значи дека имате грижа, поголем товар што би сакале да го симнете од грбот, а не знаете како да го направите тоа.

Будењето настанува поради енергијата од белите дробови и чувството на тага. Во овој период, вашата свест се крева, што е знак дека некоја виша сила, најверојатно вашата потсвест, се обидува да комуницира со вас. Според кинеската медицина, телото и умот испраќаат заедничка порака дека треба да ја ослободите душата од насобраниот товар.

Ако често се будите во други интервали од ноќта, еве објаснување за тоа:

Будење веднаш по првиот сон:

Под голем стрес сте и имате симптоми на анксиозност. Медитацијата, позитивното размислување, вежбите за релаксација и истегнување ќе ве вратат во сон.

Будење помеѓу 1 и 3:

Нешто емотивно ве оптоварува. Треба да простиш некому или некој треба да ти прости. Вежбите за дишење ќе ви помогнат да продолжите да спиете.

Будење после 5 часот наутро, пред зори:

Енергијата доаѓа од цревата и телото ви испраќа порака дека треба да го решите емотивниот статус кој ве притиска.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje