Vrabotuvanje.com - Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна свеченост
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна свеченост

Коордеа, водечка шведска аутсорсинг компанија со седиште во Стокхолм и канцеларии во Тетово и Скопје на 1 ноември 2024 година ја прослави својата 15-та годишнина со незаборавен настан, на кој беа одбележани достигнувањата и успехот на компанијата. Основана во 2009 година, Коордеа прерасна од специјализиран снабдувач на сметководствени услуги за Нордискиот пазар во компанија што нуди широк спектар на услуги, вклучувајќи ИТ, маркетинг, дизајн, логистика и продажба.

Шведската компанија Коордеа го одбележа својот 15-годишен јубилеј со незаборавна свеченост

На свеченоста одржаа говори двајца од основачите, Светозар Серафимовски, кој истовремено е и извршен директор, и Горан Цветановски, кој ја извршува и функцијата на директор за маркетинг и корпоративна комуникација, како и регионалниот генерален менаџер Зоран Илиќ. Тие ги истакнаа најзначајните успеси во изминатите 15 години и ги претставија идните цели и визии за раст и напредок на компанијата. 

На настанот присуствуваа и гости клиенти од Шведска и Финска, кои дојдоа на прославата во чест на долгогодишната соработка со Коордеа.  

Настанот не беше само во чест на успесите, туку и на луѓето кои придонесоа до тоа. Беа доделени признанија и награди за најистакнатите вработени, додека пак долгогодишните вработени беа наградени со статуетки за лојалност во чест на нивната посветеност и придонес кон успехот на компанијата низ годините. 

Свеченоста ја направија уште поспецијална настапите на триото ДЈ Тоше, Игор Сакс и Пате Конга, како и познатиот пејач Влатко Лозаноски – Лозано, кои ја воодушевија публиката со своите изведби и создадоа незаборавна атмосфера! 

Гостите, покрај уживањето во одличната музика, имаа и привилегија да се почестат со вкусна храна која ги задоволи сите гурмански вкусови. Дополнителна забава донесе и 360 Photo Booth, кој гостите го користеа за интерактивни и динамични видеа, создавајќи спомени кои ќе траат засекогаш. 
 

Со тим од над 120 вработени во земјава и широк спектар на услуги, Коордеа останува посветена на понатамошен раст и унапредување. Компанијата продолжува да нуди врвни аутсорсинг решенија за своите клиенти низ сите Нордиски земји и пошироко, истовремено создавајќи можности за професионален развој и вработување на амбициозни и талентирани луѓе од локалната заедница. 

Дали и ти сакаш да ја градиш својата кариера и да напредуваш на професионално ниво во една ваква докажана интернациинална компанија? Прати го твоето  CV овде и стани и ти дел од Коордеа! 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje