Vrabotuvanje.com - Започнува шопинг лудилото Black Friday!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Започнува шопинг лудилото Black Friday!

Денеска е Black Friday, светскиот познатиот празник на ниските цени за шопингхоличарите. Ден за лов на попусти и ден кога трговците ја намалуваат цената на стоките.

Започнува шопинг лудилото Black Friday!

Понудите изгледаат поволни, а надлежните предупредуваат да се внимава поради честите измами.

Празничната треска носи бран попусти, но и искушенија за потрошувачите. Во последните неколку години трговците во Македонија ја прифатија традицијата која доаѓа од Западот и се доближија на европската практика кога се во прашање големите попусти.

Се очекува да расте и онлајн продажбата, што некои го гледаат како голем предизвик за малите продавници.

Со денови има избезумено рекламирање на намалувања на цените, но и покрај навистина добрите понуди што може да се очекуваат, експертите велат дека треба да се задржите со ладна глава за да поминете низ илјадниците што не се.

Имајќи ја предвид вообичаената практика дека трговците често ги зголемуваат цените пред попуст, бидете внимателни и размислете дали и што навистина ви треба.

Според експертите, потрошувачите треба да внимаваат на реалната цена на производот, односно да проверат која била претходната цена и да споредат дали понудениот попуст е оправдан за нив.

На Запад попустите се движат од 70 до 80 отсто, тие се применуваат само на овој ден, што можеме да го наречеме вистински „црн петок“.

Кај нас не можеме денес да очекуваме толку големи попусти на сите производи. Според експертите, попустите кај нас ќе се движат во просек 30 проценти, како и претходните години.

Black Friday познат и како Црн петок, го означува почетокот на празничната шопинг сезона и традиционално се одржува ден по американскиот празник Денот на благодарноста. Терминот првпат се појавил во 1960-тите во Филаделфија, кога полицајците го користеле терминот за да опишат хаотична гужва и сообраќаен метеж. Подоцна, трговците го ребрендираа во позитивно светло, симболизирајќи го преминот на бизнисот од „црвено“ (загуба) во „црно“ (профит).

 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje