Vrabotuvanje.com - ПОСКАПУВААТ И АВИОНСКИТЕ БИЛЕТИ: Компаниите се револтирани, но мораат да платат милиони поради новото барање
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ПОСКАПУВААТ И АВИОНСКИТЕ БИЛЕТИ: Компаниите се револтирани, но мораат да платат милиони поради новото барање

Шефот на easyJet ги критикуваше казните што му беа изречени на него и на другите нискобуџетни авиокомпании за дополнително наплаќање за рачен багаж и резервации на седишта како незаконски и предупреди дека одлуката само ќе го поскапи начинот на транспорт.

ПОСКАПУВААТ И АВИОНСКИТЕ БИЛЕТИ: Компаниите се револтирани, но мораат да платат милиони поради новото барање

Шпанското Министерство за правата на потрошувачите на почетокот на овој месец го казни easyJet со 29 милиони евра, Ryanair со 108 милиони евра и неколку други авиокомпании поради оваа практика, пишува Гардијан.

Извршниот директор на EasyJet во заминување, Јохан Лундгрен, кој се повлекува на крајот на годината по седум години на чело, ја опиша казната како мерка „анти-потрошувачка“ и инсистираше на тоа дека на патниците им е понуден избор.

- На луѓето им нудиме избор да го направат и да го добијат она за што плаќаат. Една третина од нашите клиенти не избираат никакви помошни услуги - изјави Лундгрен за Би-Би-Си.

Тој додаде дека наметнувањето казни „ќе ја зголеми основната цена. Ќе ги поскапи летањето и патувањето за луѓето кои не сакаат да имаат ваков вид на производи“.

Поплаките на Лундгрен дојдоа откако easyJet објави годишен профит од 597 милиони фунти, што е за 25 отсто повеќе во однос на претходната година.

Извор: faktor.mk

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje