Vrabotuvanje.com - Во стопанството има 10 илјади слободни работни места!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во стопанството има 10 илјади слободни работни места!

Стопанството кубури со кадар. Уште еднаш оваа констатација ја потврдуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Во моментов на пазарот на труд недостасуваат над 10 илјади работници. Податоците на статистичарите покажуваат дека најмногу работници се потребни во услужните дејности. Во меѓувреме во Агенцијата за вработување веќе се распишани 7 300 огласи за вработување на нов кадар во компаниите.

Во стопанството има 10 илјади слободни работни места!

Глобалниот проблем со вработувањето и натаму претставува една од главните главоболки на бизнис секторот. Како да се најде но и како да се задржи добар работник. Ова е дилемата со која се соочува денешното стопанство.

Податоците на државната статистика покажуваат дека во секторот трговија и во преработувачката индустрија има најмногу потреба од нови вработувања. По околу 2 250, речиси идентична е бројката на слободни работни места во овие области од економијата во земјава. Потоа, во секторот образование се потребни околу 1000 нови вработувања, во хотелиерството речиси 700 тини лица, исто толку и во градежниот и во администртивните дејности, а по неколку стотини празни работни места има во секторите: транспорт и складирање, стручни и технички дејности, здравствена и социјална заштита, уметност забава и рекреација, финансиски дејности и осигурување.

„Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0.11 %. Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3.06 %. Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.34 %. Најголем број слободни работни места, односно 1 950, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.“ стои во извештајот на ДЗС.

Што се однесува до податоците на Агенцијата за вработување, таму може да се забележи дека бизнисмените веќе распишале огласи за вработување на нови 7300 лица. Потреба има од речиси сите дејности и занимања. Секако и тука интересот и потребата најголеми се за вработување на лица во угостителството, трговијата на големо и мало, техничките и стручните занимања. Но пазарот на труд има потреба и од инжињери, доктори, менаџери, и други високо позиционирани кадри во компаниите.

Во меѓувреме, овие денови во Скопје се одржува саем за вработување во Словенија. Компании од оваа земја членка на Европската унија очекува дека ќе придобии околу 5 000 граѓани на земјава и ќе ги убеди да се преселат и работат кај нив. Во Македонија според неофицијалните информации во моментов на пазарот на труд недостасуваат околу 20 илјади лица.

Извор: denar.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje