Vrabotuvanje.com - Фенг шуи правила за украсување новогодишна елка: Привлечете пари и љубов во 2025 година со помош на украси и бои
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Фенг шуи правила за украсување новогодишна елка: Привлечете пари и љубов во 2025 година со помош на украси и бои

Според правилата на фенг шуи, новогодишното дрво треба да биде украсено на одреден начин за да привлечете напредок во вашиот живот.

Фенг шуи правила за украсување новогодишна елка: Привлечете пари и љубов во 2025 година со помош на украси и бои

Украсувањето на елката е неизбежен новогодишен обичај, а особено го сакаат децата. Доколку сакате да ги постигнете вашите деловни и љубовни цели во наредната година, постојат правила дизајнирани од експерти за фенг шуи за украсување на елката.

Поставете ја елката во катчето за богатство

Елката е во форма на триаголник, кој се смета за симбол на оган, а најдобро место за тој симбол е горниот лев агол од куќата. Се смета за катче на богатството, а поставувањето новогодишна елка на тоа место ќе го привлече напредокот на домаќинството и парите. Добро место за новогодишна елка се сите агли, како и централниот дел на станот, бидејќи така ќе се стабилизира енергијата.

Боите на украсите зависат од целите

– Доколку елката ја поставите на север, украсете ја со стаклени украси во сина, бела, сребрена и златна боја, кои според фенг шуи привлекуваат напредок во бизнисот и поголем успех на домаќинството.

– Елка која стои во западниот или северозападниот дел од станот треба да биде во бела, сребрена, златна и жолта боја, бидејќи тоа ќе ја подобри семејната комуникација и меѓусебното разбирање.

– Кога елката се наоѓа во југозападниот или североисточниот дел од куќата, изберете жолти и црвени украси кои ќе ја привлечат љубовта во вашиот живот.

Извор: 4news.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje