Vrabotuvanje.com - Унгарската компанија 4iG поднесе документи до АЕК за влез на македонскиот пазар
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Унгарската компанија 4iG поднесе документи до АЕК за влез на македонскиот пазар

Унгарската компанија 4iG поднесе документи до АЕК за влез на македонскиот пазар

Унгарската компанија 4iG вчера официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), изразувајќи интерес за воспоставување трет мобилен оператор во Македонија. Овој чекор, како што се очекува, ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори и ќе овозможи намалување на цените за мобилни услуги за граѓаните.

„Сега АЕК треба да ја води постапката, и се надеваме дека тоа ќе се одвива во правилна насока. Оваа иницијатива ќе придонесе за отворање на пазарот и обезбедување поконкурентни услуги,“ беше истакнато во вечерашната емисија „Само Интервју“.

Дополнително, потенцирано беше дека постои можност и други компании да се пријават, со цел да се обезбедат поевтини и поквалитетни услуги за граѓаните.

Оваа одлука доаѓа како одговор на неактивноста на постојните мобилни оператори, кои во изминатите четири месеци не презеле мерки за намалување на цените, подобрување на услугите или почитување на законските обврски.

Извор: nezavisen.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje