Vrabotuvanje.com - Според Светска банка, потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Според Светска банка, потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

Според Светска банка, потребно е постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање

Светската банка предлага три решенија за одржлив пензиски модел, насочени кон подобрување на состојбата со пензискиот фонд.

Како прва мерка, се препорачува укинување на сегашниот систем за зголемување на пензиите, кој се базира на индексирање според растот на платите и цените.

Вториот предлог е постепено зголемување и изедначување на старосната граница за пензионирање, додека третата препорака е зголемување на придонесите, кои во моментот изнесуваат 18,8%.

„Во контекст на зголемување на возрасната граница, прашањето е дали ќе успеете да го задржите истиот систем со овие придонеси. Треба да има неколку постапки, треба да се зголемат придонесите, бидејќи тие се малку 18,8 отсто, и тоа треба да биде во комбинација со постепено зголемување со возраста за пензионирање“, рече Сања Маџаревиќ Шујстер од Светска банка. 

Претседателот на Фискалниот совет, истакна дека недостигот на средства во ПИОМ е сериозен и дека без прифатливо решение, државниот буџет ќе мора да ги покрива пензиите.

Предлогот жените и мажите да се пензионираат на 67 години предизвика остри реакции, а властите соопштија дека моментално не планираат зголемување на старосната граница.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje