Vrabotuvanje.com - Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи

Од 1 јануари струјата минимално ќе поскапи

Од 1 јануари во просек сметките за струја за домаќинствата во Македонија со просечна потрошувачка од прв, втор и трет блок ќе се зголемат за 0,92 проценти. Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти.

Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија ќе му се зголеми за 21 денар. 
„Ова е прва одлука во која е искористен контролниот механизам за утврдување на цената на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи“, вели првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски. 

Тоа значи дека на просечна сметка за струја од 2.300 денари, ќе има зголемување од околу 21 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Тој на прес-конференција информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле на контрола и разгледување одлука со која барале цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти, што е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

РКЕ претходно информираше дека делот од мрежарината што го плаќаат домаќинствата и 90 проценти од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. 

Извор: dw.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje