Vrabotuvanje.com - Дубаи чоколадото ја освојува Европа: Цена од 300 евра на црниот пазар
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дубаи чоколадото ја освојува Европа: Цена од 300 евра на црниот пазар

Дубаи чоколадото ја освојува Европа: Цена од 300 евра на црниот пазар

Лудоста за Дубаи чоколадото расте, а шверцерите се преоптоварени, додека во Македонија слаткарниците започнаа со производство и го продаваат по високи цени.

За кратко време, ова чоколадо од локален деликатес прерасна во глобален феномен. Создадено во 2021 година од британско-египетската претприемачка Сара Хамуда, чоколадото со фил од кадаиф и крем од ф’стаци го освои светот, особено по видеото на TikTok кое го направи популарно.

Денес, побарувачката ја надминува понудата, а шверцот и препродажбата стануваат честа појава. Во Германија, цариниците пресретнаа мажи кои се обидуваа да внесат килограми од чоколадото, додека производители како Lindt започнаа да создаваат свои верзии.

И во Македонија интересот е огромен. Во маркетите во Чаир и Бутел, само 50 грама од ова чоколадо се продава за 200 денари. Производство има и во некои познати слаткарници, каде за 100 грама од ова чоколадо се наплаќа и до 400 денари. Мајсторите за слатки велат дека цената е оправдана поради начинот на правење и квалитетните состојки, па се уверени дека нејзината популарност нема да опадне наскоро.Производителите велат дека квалитетот и рачната подготовка ја оправдуваат високата цена, а популарноста на овој тренд се очекува да продолжи.

Дубаи чоколадото стана симбол на луксузно уживање и глобален тренд кој никој не сака да го пропушти.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje