Vrabotuvanje.com - Дали треба да се загрижат македонските печалбари - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали треба да се загрижат македонските печалбари - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

Дали треба да се загрижат македонските печалбари - компаниите во Германија сѐ повеќе отпуштаат работници

Како што германската економија продолжува да тапка во место, сè помалку компании планираат да вработуваат нови работници, додека се повеќе размислуваат за отпуштања, покажува новото истражување на институтот Ifo, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Месечниот барометар за вработување на институтот, врз основа на редовно истражување на околу 9.500 германски компании, повторно падна во последниот извештај во четвртокот.

Барометарот сега го достигна најниското ниво од почетокот на пандемијата во 2020 година. Сепак, за разлика од времето на глобалната епидемија, овогодишниот пад не е нагло, туку речиси континуиран пад.

„Постојат малку компании кои вработуваат нови работници“, вели авторот на истражувањето Клаус Вохрабе. Но, се зголемува уделот на компаниите кои сакаат да го намалат бројот на вработени.

Отпуштањата првенствено ги планираат индустриските производители и трговците на мало, покажа истражувањето.

Извор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje