Vrabotuvanje.com - Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?

15 000 скопјани ќе ги продадат своите своите автомобили до 2030 година. Барем такви се очекувањата на словенечката Авант кар, компанија која нуди заедничко користење на електрични возила.

Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?

Во првата фаза на пилот проектот, кој започнува во февруари следната година, 100 автомобили ќе бидат на располагање на граѓаните на Скопје. На кој му треба превоз, ќе може да го искористи електричниот автомобил за да пристигне од една на друга локација. Достапноста и локацијата на автомобилите ќе се утврдува преку апликација на телефон.  Проценките се дека во оваа прва фаза, 1.500 лица во главниот град ќе го продадат сопствениот автомобил, за да се возат низ градот со електричните возила.

Електричните автомобили на компанијата Авант кар која постои 20 години, ги возат граѓаните во Љубљана, Загреб, Дубрвник, Виена, а следната година и граѓаните во Скопје. Со користење на електичните возила се очекува да се подобри квалитетот на воздухот и Скопје да се симне од врвот на европските листи за загаденост, позиција која цврсто ја држиме и денеска.

Болниците се полни, пулмолозите алармираат да се носaт маски.

Извор: sitel.com.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje