Vrabotuvanje.com - Битолчани ќе плаќаат повеќе пари за такси превоз, останува најефтино со градски автобус
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Битолчани ќе плаќаат повеќе пари за такси превоз, останува најефтино со градски автобус

Здружението на лиценцирани такси превозници побара, а Советот на Општина Битола им одобри да се зголемат цените на услугите за такси превоз во Битола.

Битолчани ќе плаќаат повеќе пари за такси превоз, останува најефтино со градски автобус

Сите такси превозници на старт ќе наплаќаат по 60 денари, а потоа во прва тарифа ќе се наплаќаат по 35 денари од изминат километар. Во втора тарифа 40, а тарифата за трета ноќна смена, како и за такси-услуга за време на празник и во недела ќе чини по 45 денари за изминат километар.

Здружението на лиценцирани такси-превозници, првата тарифа и тарифата за трета смена, празник и недела ќе ги применува веднаш по стапување на одлуката во сила, додека тарифата за изминат километар по 40 денари времено нема да се користи, но доколку дојде до зголемување на трошоците поврзани со нивната дејност од над 10 насто, тогаш ќе биде ставена во функција.

Таксистите за чекање на клиентот во траење од еден час ќе наплаќаат по 400 денари.

Одлуката ќе стапи во сила со објавување во општинскиот Службен гласник.

Најевтин за битолчани останува јавниот автобуски превоз, а цената на билетот е 30 денари за сите релации во градот.

Извор: bitolanews.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje